Секој автомобил со годините губи дел од својата сила и одреден пад во перформансите е неминовен, но прашањето е колку?

Секој автомобил со годините губи дел од својата сила. Доколку редовно се сервисира и одржува овој процес може прилично да се успори, но одреден пад во перформансите е неминовен.

Blake’s Garage одлучи да тестира BMW 325i Е30 од 1988 година, со изминати 450.000 километри. Целта на тестот е да се прецизира со колкава сила располага возилото по 3 децении експлоатација.

Кога излегол од продажниот салон овој BMW 325i Е30 располагал со 168кс. Сега, по 3 децении експлоатација, просечниот резултат на ова возило по три поминувања на динамометар е сила од само 100кс, со максималец на 126,64кс.

Доколку земеме во предвид дека моделите на BMW во фабричка состојба често развиваат сила поголема од декларираната, тогаш можеме да резимираме дека овој 325i има поприличен пад на перформанси.

Но, сепак оваа приказна има среќен крај, бидејќи екипата во ова возило ќе вгради нов мотор од BMW M3 со ZF автоматски менувач.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.