Параметрите од дино тестот ќе ве изненадат

Новиот BMW M5 f90 е еден од најскапите и најснажните автомобили во историјата на марката. Неговиот 4.4-литарски V8 засилен со twin-turbo технологија постигнува 600кс и 750Nm најголем вртежен момент, по фабрички податоци.

Но, тјунерската куќа iND Distribution го тестираше серискиот BMW M5, а резултатите од мерењата на динамометарот пријатно изненадуваат, покажувајќи голем вишок на сила.

По одработената стандардна процедура на разработување на нов автомобил (изминување на 2.000 километри), серискиот М5 е поставен на ваљци, а резултатот беше импресивен – 634кс и 824Nm на тркалата во пета брзина, со активиран Sport Plus мод.

Потоа е одработено уште едно мерење, овој пат во Eco модот, каде се измерени 15кс помалку и на крај дојде на ред Sport Plus со погон само на задната осовина. BMW M5 успеа да „дофати“ 244км/ч, со 601кс и 783Nm.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.