Не е доволно само да го купиш автомобилот, туку треба и да го одржуваш и да ги подмируваш сите трошоци

Најдобар пример за тоа се секако премиум марките и спортските модели, но сепак никој не може да му парира на Bugatti.

Имено, осигурувањето на моделот Bugatti Chiron Sport 110 Ans, претставен на Автосалонот во Њујорк во чест на 110-годишнината на францускиот произведувач изнесува астрономски 50.251 долари, односно 4.188 долари месечно.

За таа сума на пари може да се купат два нови кросовери, на пример Hyundai Konа и двете возила да се осигураат на една година, а огромна е разликата и во однос на некои премиум марки.

Споредбено, годишното осигурување на Mercedes-Benz GLC 300 купе е 1.842 долари, Lincoln Crosair 1.605, Hyundai Venue 1.250 итн.

Секако, кој е доволно богат да плати 3,2 милиони долари за ваков хиперавтомобил, сигурно нема да му биде проблем да искешира огромно осигурување.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.