Кој сака да вози Bugatti мора дебело да плати

Неодамна известувавме за феноменот на скапите резервни делови за Bugatti Veyron, наведувајќи го примерот со заменскиот резервоар кој чини 42.000 долари, а денес долеваме уште високо октанско гориво врз овој случај.

На познатата платформа за електронско тргување, eBay, се продава комплетен ентериер на Bugatti Veyron, половен но некористен, за 149.999 долари.

Пишувавме и за тоа дека замена за еден сензор од 9 долари чини дури 7.200 долари, а по увидот во трошоците за одржување на оваа „ламја“, не сме многу изненадени кога на „нет“ видовме нов оглас за сет на половни фелни, кои се продаваат дури 100.000 долари.

По наводите на продавачот, за оваа вреќа пари добивате сет оригинални OZ Racing бандажи со Michelin пневматици, на кои им останало уште 85% „живот“.

Исто така, продавачот тврди дека сет на вакви нови фелни со пневматици чини 150.000 долари, што доколку е точно, значи дека цените пораснале за последниве неколку години.

Вредно е да се наведе дека Bugatti тврди дека само два сета на пневматици можат да се сменат, по што бандажите мораат исто така да се сменат, за да се одржи интегритетот на споевите помеѓу пневматикот и бандажот, потребен за големи брзини.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.