CNBC пресмета колку изнесува дневната заработка на овој произведувач во долари, а ние гарантираме дека од износот ќе ви се сврти во главата

Porsche не само што е златна кокошка на германскиот концерн Volkswagen, туку е и компанија која не знае за промашувања. Најголем доказ за ова тврдење се финансиските извештаи на оваа компанија.

Накратко кажано – со што и да се зафати, Porsche претвора во злато, а CNBC пресмета колку тоа изнесува во американски долари.

Минатата година Porsche пријави нето добивка од 4,22 милијарди евра, односно 4,82 милијарди долари. Тоа значи дека секоја секунда Porsche заработува 153 долари, односно 550.595 долари на час. Секој ден произведувачот на спортски автомобили го заклучува со 13,2 милиони долари повеќе на својата сметка.

Доколку не верувате на своите очи, прочитајте ги уште еднаш наведените податоци, не се грешни, а ние ќе допрецизираме дека во гамата на Porsche најевтин модел е 718 Cayman, а најскапиот 911 GT2 RS. Растојанието помеѓу овие два модели оди од 68.000 евра до околу 285.000 евра.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.