Постојат повеќе фактори кои влијаат врз цената на половните автомобили, а еден од најбитните е и бојата

По студијата на американскиот сајт за половни возила iSeeCars.com, спроведена врз 2,1 милиони автомобили произведени од 2014 година, најдобра цена постигнуваат, верувале или не, автомобилите со жолта боја.

Тие во просек губат околу 27% од цената на три години, што е 18,% под нормативот.
Сосема добро стојат и портокаловите автомобили, со губиток на вредноста од 30,6% и зелените со 30,9%.

Најголем пад на пазарот на половните возила бележат автомобили со лила и златна боја, иако сочинуваат само 0,7% од уделот на споменатите 2,1 милиони од студијата.

Автомобилите со најчести бои – белата, црната, црвената и сивата спаѓаат во просечни „лузери“.

Причината за доброто држење на жолтите автомобили не лежи само во нивниот помал број на пазарот, туку и во фактот што таа боја најчесто е застапена кај спортските автомобили, кабриолетите и SUV моделите, кои генерално добро ја одржуваат својата вредност и како половни возила.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.