По објавените продажни резултати за 2017 година на две големи автомобилски групации, се појави спор за тоа кој е најголемиот произведувач на светот

tiguan-pics-172

Volkswagen групацијата излезе во јавноста со податок дека минатата година испорачала 10,74 милиони возила, што и ја донесе титулата најголем авто произведувач на светот, додека алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi наведува дека во истиот период продала 10,6 милиони автомобили.

Но, дали навистина е така?

Првиот човек на Renault-Nissan-Mitsubishi, Карлос Госн, тврди поинаку. По неговата математика, групацијата на чие чело е токму тој продала најголем број на автомобили во 2017 година.

Ова тврдење Госн го потпира со фактот дека германскиот гигант во вкупната сума ја пресметал и продажбата на тешки товарни возила на марките Scania и MAN, кои се во нивна сопственост.

20170915GhosnBizPlanW_article_main_image

Од друга страна, Renault-Nissan-Mitsubishi во наведената вкупна бројка од 1,6 милиони пресметува само патнички и лесни комерцијални возила.

Доколку се земе предвид дека Scania и MAN во 2017 заедно продале околу 200.000 камиони, со одземање од 10,74 милиони, Volkswagen со 10,54 милиони продадени единици паѓа на второ место зад јапонско-француската алијанса, смета Карлос Госн.

Да се потсетиме, Renault-Nissan-Mitsubishi под својата капа ги има и рускиот AvtoVAZ, романската Daciа, како и ниско-буџетниот бренд Datsun.

Доколку се прашувате што се случува со Toyotа, треба да се наведе дека оваа компанија уште не ги соопштила официјалните продажни резултати за 2017 година, но по поранешните објавени прогнози и очекувања најверојатно дека вкупната испорака се движи околу 10,35 милиони возила.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.