Шампионот на трговците во 2017 година продал 1.530 нови автомобили и 52 половни и со тоа поставил нов Гинисов рекорд

1519758994370

Али Реда од продажниот салон на Chevrolet и Cadillac во Дирборн, Мичиген е најуспешниот трговец на светот, пишува Detroit Free Press, пренесува Fox News.

Минатата година Реда успеал да убеди дури 1.530 клиенти да склучат договор за купување на нов автомобил.

1519763260642

Иако се појавија сомнежи за продажното салдо остварено за само една година, резултатот, најверојатно, ќе биде впишан во Гинисовата книга на рекорди (стариот рекорд е од 1973 година и изнесува 1.425 продадени нови возила), официјално потврдува General Motors.

„Верувајте, вистина е“, изјави Гери Стенфорд, еден од сопствениците на продажниот салон во Дирборн.

636543954496005768-ruck-salesman-CP

„Али е еден од највредните наши продавачи на автомобили, а за оние кои сепак се сомневаат, податоците за продажбата можат да се проверат во General Motors, каде се има црно на бело“, рече Стенфорд.

Реда вели дека тајната на неговиот успех е во посебниот однос, кој тој развил спрема купувачите.

download

„Тие во мене не гледаат продавач, туку човек кој ги советува за купување на автомобил и некој на кого му веруваат“, изјави Реда и додаде дека клиентите често се враќаат и му заблагодаруваат на услугата, а доколку имаат некој проблем со купеното возило, тој е тука да го реши.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.