Станува збор за сума од која застанува здивот
Себастијан Фетел, пилотот на Ferrari, сезонава остана без титула на првак во „Формула 1“, која со подобри резултати во финишот ја освои Луис Хамилтон.
Со по четири освоени шампионати наведените возачи сега ја делат третата позиција со „Професорот“ Алан Прост, додека пред нив е 5-кратниот првак Хуан Емануел Фанџо и недостижниот Шуми со 7 освоени титули.
Но, иако остана без титула Фетел во една ставка е далеку пред своите ривали.
Имено, во наредната сезона, која започнува во март во Австралија, Себ ќе биде најплатен возач во шампионатот.
Во август месец Германецот потпиша нов 3-годишен договор со Ferrari по кој следната сезона ќе заработи дури 60 милиони долари (околу 51 милиони евра).
Повеќе вести од денес тука.