Додека едните имаат губитоци, другите се мачат да заработат, некој има исклучително профитабилна 2018 година

Додека некои од произведувачите се мачат да заработат, како на пример Nissan, кој го намали своето производство за 20% во САД или Ford, кој ги укина скоро сите свои модели кои не се во SUV класата, Ferrari има исклучително профитабилна година.

Во првите шест месеци годинава произведувачот од Маранело на секој продаден автомобил заработил дури 69.000 евра.

Од друга страна, Jaguar Land Rover во истиот временски период заработувал само 800 евра по возило.

Што се однесува до германската премиум постава, Porsche е скоро двојно попрофитабилен од Mercedes, BMW и Audi, заработувајќи околу 17.000 евра на секое возило, додека просекот на големата тројка е околу 9.000.

Италијанскиот Maserati носи на FCA околу 5.000 евра по продадена единица, додека нешто помалку профитабилен е Volvo.

Што се однесува до губитниците, „шампион“ е Bentley, кој е во минус со дури 17.000 евра по секој продаден автомобил, а од компанијата се правдаат дека причината е големата инвестиција во електричната технологија.

Во слична ситуација е и Tesla со – 11.000 евра по возило, додека Rolls-Royce и Lamborghini не ги откриваат своите финансиски резултати.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.