Станува збор за мал SUV од трендовски карактер, модел за кој има голема побарувачка на европскиот пазар

Италијанските медиуми специјализирани за автомобилската индустрија и бизнис пишуваат дека името на новиот модел уште не е познато, но сепак наведуваат некои детали.

Станува збор за мал SUV од трендовски карактер, модел за кој постои голема побарувачка на европскиот пазар.

Новиот модел кој ќе се произведува во фабриката на Fiat во Крагуевац ќе биде мал теренец, а производството би требало започне до крајот на 2019 година. Годишното производство би требало да изнесува 50.000 автомобили.

Новиот мал Fiat SUV ќе биде „Рanda на стероиди“, попрецизно ќе личи на моделот Fiat Рanda Сross, мал теренец кој се произведува во Италија.

Моделот од Србија ќе биде подолг – 4,1 метри, за разлика од Рanda Сross која е долга 3,7 метри. Последователно на ова, српскиот Fiat ќе има и многу поголем багажник, како и пет комфорни места за седење во кабината.

За овој модел се предвидени три бензински мотори, кои ќе имаат верзии и на автогас и метан.

Италијанските медиуми наведуваат дека производството на овој модел би требало да започне најдоцна до крајот на следната година, а цената не е прецизирана.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.