Gian Paolo Dallara роден во Парма 1936 година е италијански дизајнер и конструктор на тркачки болиди

dallara

Gian Paolo Dallara роден во Парма 1936 година е италијански дизајнер и конструктор на тркачки болиди.

По дипломирањето во 1960 година се вработува во Ferrari, а веќе следната година преминува во Maserati.

gian-paolo-dallara-lamborghini-miura

Во 1963 година го вработува лично Феручио Ламборгини како главен конструктор, но и како дел од исклучително млад и талентиран тим, во кој биле и Паоло Станзани и Боб Валас, екипата која со дизајнерските легенди Џуџаро и Гандини ќе го креираат митскиот Lamborghini Miura.

Заедно со Станзани, Далара ја креирал и Espadа, а од крајот на 60-те работи на развој на тркачки болиди за Френк Вилијамс.

dallara-automobili

Во 1972 Џан Паоло основа сопствена фирма со која доминира во светот на помалите формули, а од 1997 и во IndyCar серијата.

Единствен неостварен сон на овој великан е поголем успех во Формула 1, каде од 2016 година неговите болиди се наоѓаат во тимот Haas.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.