Британските потрошувачи спроведоа споредбено истражување за просечна потрошувачка на најпопуларниот автомобилски сегмент

Британскиот потрошувачки портал Which спроведе истражување за просечната потрошувачка на најпопуларниот автомобилски сегмент, споредбено со останатите.

По најновите резултати, сопствениците на најпопуларниот автомобилски сегмент трошат неколку стотици евра повеќе гориво од сопствениците на еквивалентни автомобили. Истражувањето тргнува со претпоставка дека возачите просечно изминуваат околу 15.500 километри на годишно ниво.

Сопствениците на кросовери, како што се Renault Captur или Audi Q2 трошат годишно околу 1.275 евра на гориво, 150 евра повеќе од сопствениците на Ford Fiestа или Volkswagen Polo.

Малите SUV возила, како што се BMW X1 или Volvo XC40, трошат 180 евра повеќе гориво во споредба со компактните хечбек автомобили, како што се VW Golf или Honda Civic.

Сопствениците на SUV од средна големина, Kia Sportage и Peugeot 3008, ќе платат 232 евра повеќе за гориво за изминување на наведените 15.500 километри, од сопствениците на каравани од средна големина, а 212 евра повеќе од сопственици на лимузини, како што се Škoda Octavia или Audi A4.

Најголемата разлика е, логично, меѓу големите возила, па Volvo XC90 и BMW X5 за 15.500 изминати километри трошат по 1.823 евра, што е 480 евра повеќе од што им е потребно на сопствениците на BMW Серија 5, односно 385 евра повеќе од Ford Galaxy или VW Sharan.

Освен што имаат поголема потрошувачка, SUV моделите повеќе ја загадуваат и околината, но сепак се убедливо најпопуларен сегмент на пазарот во последниве години и буквално ги диктираат трендовите во авто индустријата.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.