Следниот месец Alfa Romeo официјално ќе ги најави Giulia купе и нов SUV за број поголем од Stelviо

Следниот месец Alfa Romeo официјално ќе најави купе базирано врз лимузината Giulia и SUV за број поголем од Stelviо, дознава Autocar.

По пишувањето на овој магазин, официјалните информации за овие два нови модели следниот месец ќе ги изнесе првиот човек на FCA, Серџо Маркионе.

Се шпекулира дека Alfa Romeo Giulia со две врати дури ќе има хибриден погонски агрегат изведен од погонскиот систем кој го користи моќниот Ferrari LaFerrari.

Имено, основата на системот ќе го сочинува познатиот 2.9-литарски bi-turbo V6, а благодарение на електрификацијата на погонот и системот за рекуперација на енергијата, вкупната комбинирана сила ќе изнесува преку 640кс.

Доколку овие гласини се обвистинат, ова ќе биде најсилната Alfa Romeo во историјата на овој произведувач.

Исто така, следниот месец би требало да бидат познати повеќе детали и околу новиот SUV модел, кој во гамата ќе заземе позиција над актуелниот Stelviо.

Големиот SUV ќе има некој вид на „благ“ хибриден погон со 48-волтен систем, а срцето на погонот ќе го чини 2.0-литарски турбо бензинец, кој со електрична поддршка ќе развива околу 400кс.

Овој модел, за сега со непознато име, би бил по димензии најголем автомобил на италијанскиот произведувач на сите времиња.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.