Ова би подразбирало погон на сите тркала, но и 350 коњски сили од штотуку претставената хибридна погонска група

На Автосалонот во Париз францускиот произведувач брилираше со сериските plug-in верзии на моделите 3008 и 508 и тоа во две каросериски изданија – лимузина и караван. Кај сите три модели како погонска група се комбинирани 1.6-литарски бензинец и два електро мотори, кои заеднички постигнуваат 300кс, што е одличен резултат.

Но, дури и од ова може подобро.

На парискиот Автосалон високо позициониран раководител на Peugeot наговести дека R ознаката би можела да се врати и тоа на PHEV верзиите. Ова би подразбирало погон на сите тркала, но и 350 коњски сили од истата хибридна погонска група.

Дополнителната измена би можела да се примени и врз батеријата, која сега има 13.2 kWh, а која би можела да добие замена со поголем капацитет и густина на енергијата.

Доколку се остварат овие предуслови 508 R би можел да спринта од место до брзина од 100 км/ч за 4,5 секунди и да оствари максимална брзина од 250 км/ч.

Шефот на дизајнот на Peugeot исто така наговести можност за остварување на R верзија, додавајќи дека стандардно би можела да биде опремена со тркала од 20, па и 21 инчи, бидејќи актуелните каросерии се доволно просторни да носат тркала со оваа големина.

Секако дека оваа информација звучи одлично, иако доколку се појават ценовно ќе стрелаат доста високо, во склад со стремежите на Peugeot кон премиум сегментот, а тука е и скапиот хибриден систем.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.