Светогрдие или одличен restomod проект?

Jaguar E-Type е еден од најценетите класици на сите времиња во автомобилскиот свет.

Во современата ера на продажба на аукции достигнува огромни суми, особено примероци во добра состојба.

 

Денес „на мени“ не само што имаме Jaguar E-Type Series 3 2+2 во одлична состојба, туку одиме чекор понатаму.

Ова возило е доработено со модерни елементи и во него е вградена современа технологија.

 

Целта на сопственикот била да го задржи легендарниот класичен изглед, но да ги подобри и унапреди возните карактеристики.

Со таа цел се вградени многу алуминиумски елементи за да се заштеди на тежината, а тука се и новите 16-инчни фелни, кои се вградени за да можат да бидат во пар со модерните Michelin Primacy пневматици.

 

Внатрешноста на култниот Jaguar E-Type е мајсторски тапацирана во Oxblood црвена кожа, додека „музиката“ останала оригинална, но со додадена Bluetooth функција.

Класичните сијалички на светлосните единици се заменети со лед технологија, за подобра видливост.

Сопственикот се одлучил и за современ систем за ладење на моторот, а тука е и новиот издувен систем за продорен звук.

Како на вас ви се допаѓа овој своевиден restomod, палецот горе или долу?

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.