Иако Швеѓаните гласно таламбасаа дека раскрстија со дизелашите за сите времиња, сега најавуваат цели нови генерации

Иако Volvo се фокусираше на електрификација на своите модели со лансирање на бројни хибридни верзии и смело најавуваше дека дизелашите веќе ги прати во пензија, демантот стигнува во вид на нова генерација на дизел мотори.

Иако шведскиот произведувач храбро наговести дека дизелашите ќе ги исфрли од употреба, не само што скоро сите нови модели на оваа компанија и понатаму можат да се набават во дизел верзии, туку истите тие демагози најавуваат нов дизел.

Имено, Volvo потврдува дека подготвува нова, последна (по кој пат?) генерација на дизелаши, која ќе биде претставена подоцна годинава.

„Следната генерација на дизелаши ќе ја лансираме во јуни месец“, најави директорот на Volvo Europe, Lex Kerssemakers во разговор за Autocar.

Тој понатаму додаде дека е вообичаено нова генерација на мотори да се експлоатира 3-4 години, а што се однесува до Volvo, дизелашите веројатно нема да бидат во понуда за некои 5-6 години.

Познавајќи ја историјата на автомобилизмот, но и пазарното стопанисување на споменатата индустриска гранка, на мнение сме дека се додека пазарот побарува дизел мотори, тие ќе се произведуваат, без разлика на вакви изјави на одговорните донесени под притисок на глобализацијата и политиката.

Повеќе вести од денес тука

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.