Најновото решение нуди намалување на сообраќајни несреќи за 33% и фатални инциденти за импресивни 60%

Докажано е дека кружните токови се подобро сообраќајно решение од класичните крстосници со семафори, бидејќи обезбедуваат постојан проток на сообраќајот и скоро го анулираат настанувањето на тешки сообраќајни несреќи.

Сепак, безбедноста и протокот значително опаѓа со големината, па инженерите се приморани да осмислуваат подобри и понапредни решенија.

Најновото решение, кое е понапредно и побезбедно од кружниот ток е таканаречената дијамантска крстосница.

Овој концепт го намалува уделот на сообраќајните несреќи за 33 посто во однос на стандардната крстосница, а фаталниот исход на сообраќајните инциденти за импресивни 60%.

Респектабилните резултати се овозможени со едноставно отстранување на вртењето во лево, при што често доаѓа до одземање на предноста и колизија на возилата.

Негативноста на дијамантската крстосница е во тоа што тука се користат семафори, но од друга страна, предностите се во тоа што можат да се користат пешачки и велосипедски патеки, додека пренатрупаноста се решава со бројни ленти.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.