Редакцијата на Високи Октани посочува нови важни измени на Законот за автомобили

Со налепници во зелена, жолта и црвена боја ќе се знае за секое возило дали и колку загадува.

Оваа владина мерка ќе им овозможи на локалните власти да одредат кои автомобили можат, а кои не можат да сообраќаат во деновите со зголемено загадување и тоа според бојата на еко налепницата.

Со измените на Законот за автомобили, кои се доставени до Собранието, ќе се субвенционира и набавката на нови еколошки возила со електричен или хибриден погон.

Владата најавува и сет мерки за справување и со нелегалните такси превозници. Легалните таксисти ќе добијат жолти таблички.

Инаку, според податоците од Министерството за животна средина, најголем дел од возилата во земјава се ЕУРО 2 стандард или ЕУРО 1. На третото место се возилата без ЕУРО стандард, кои сега би добиле црвена налепница.

Загадувањето од автомобилите со ЕУРО 1 и ЕУРО 2, во споредба со оние со ЕУРО 3 и ЕУРО 4 е неколку пати поголемо. Истото важи за патнички возила со бензин и дизел мотор.
Новина е и тоа што, конечно, непотребната налепница за регистрација се укинува.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.