Моделот BMW X6 е интересен за тјунерите, а една од поекстремните преработки е G-Power Typhon

G-Power BMW X6 M Typhoon

Агресивно стилизираниот ентериер веќе на прв поглед упатува на тоа дека BMW X6 M е нешто посебно.

G-Power BMW X6 M Typhoon 1

Предниот браник со големи отвори за ладење на моторот, новата хауба од карбон, задниот дифузер, извлечените прагови, спуштеното подвозје и фелните Hurricane RR од 23 цола создаваат уште помускулеста целина на и онака атрактивниот модел.

G-Power BMW X6 M Typhoon2

Во моторниот простор е сместен 4.4-литарски M TwinPower турбо V8 бензинец, сега со доработени турбо полначи и оптимизирана ECU единица, што резултира со сила од 750кс и најголем вртежен момент од дури 980Nm. Ова засилување на сериските 575кс му додаваат дури 175кс.

G-Power BMW X6 M Typhoon3

Затоа воопшто не чуди податокот дека овој тежок SUV постигнува максимална брзина од 300км/ч, а четврт милја поминува за 11,5 секунди.

Цената на оваа преработка чини околу 50.000 евра.

G-Power BMW X6 M Typhoon4

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.