Lamborghini Miura на аукција веднаш продадена за 560.000 евра

Во напуштено складиште во Франција е пронајдена заборавена колекција од 81 автомобил.

Најимпресивниот модел на пописот е Lamborghini Miura P400 од 1968 година, 118-ти произведен примерок, кој на одометрот има 77.886 изминати километри.

Приказната е многу интересна – по смрта на сопственикот Henry Ruggieri, неговата фамилија ја ангажирала аукциската куќа Interencheres, не знаејќи за скриеното автомобилско богатство.

Проценувајќи го имотот тимот на куќата бил шокиран кога ги открил автомобилите.

Возилата биле вешто распоредени низ големиот имот, а интересен е и фактот што кај повеќето примероци намерно биле сокриени делови потребни за возење, за да бидат посигурни од кражба.

Меѓу пронајдените примероци се истакнуваат Jaguar E-Type, C3 Corvette, Lancia Flaminia, Alfa Romeo 90, Lincoln Continental, Jaguar XJ, Porsche 356 Pre-A, низа модели на Citroen и Peugeot и друго.

Веднаш е одржана аукција во Тарбес, Франција, а автомобилите биле понудени во состојбата во која и се пронајдени.

Очекувано, најскапо продадена била Lamborghini Miura, за која купувачот платил 560.000 евра.

За Jaguar E-Type новиот сопственик кеширал 99.000 евра, додека споменатиот Porsche 356 Pre-A е продаден за 48.000 евра.

Иако автомобилите се во лоша состојба, сигурни сме дека со соодветен труд и време ќе бидат доведени во одлична состојба.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.