Alfa Romeo Giulia блесна и во Женева опремена со 6 нови мотори со сила од 150 до 200кс

2alfa-giulia_1029923S0

Стандардниот модел на Giulia, очекувано, нема толку изразен спортски имиџ како моделот од Франкфурт, а од „Алфа“ соопштија дека ќе биде достапна со 3 нивоа на опрема – Giulia, Super и Quadrifoglio.

3alfa-giulia1_1029926S0
Моторизацијата се состои од два 2.2-литрени турбо дизелаши со 150 и 180кс, 2.0-литарскиот турбо бензинец од 200кс и порано претставениот V6 на Ferrari со 510кс.

13070644431482150380

Што се однесува до преносните системи, кај дизелашите на располагање се 6-брзински мануелен и 8-брзински автоматик, додека основниот бензинец оди ексклузивно во пакет само со 8-степен автоматски менувач.

Иако пред само десетина дена беше најавено дека продажбата ќе започне веднаш по саемот (14.03.), тука дознаваме дека новата Giulia на пазарот на ЕМЕА регионот (Европа, Африка, Блиски исток) ќе пристигне на 15. април.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.