Кое мало спортско купе е подобар избор?

Денес презентираме жесток двобој на лути ривали – Alpine A110 или 56.000 евра поскапиот BMW M2 Competition?

А110 има мотор сместен во средината на возилото, како и секој вистински спортист, алуминиумска шасија и спартанска изработка, која помага масата да се сведе на минимум.

Придвижуван е од 1.8-литарски агрегат со „само“ 250 кс, но е за дури половина тон полесен од својот денешен ривал BMW M2.

Баварскиот адут во Competition верзија под хаубата крие моќен реден 6-цилиндарски агрегат од М4 со импресивни 404 коњски сили.

Нема сомнеж дека A110 и M2 го симнаа од тронот Porsche Cayman во оваа класа, но кој од опишаните два модели, кои се патем и потполно поинакви автомобил, е подобар?

Погледнете го овој интересен двобој и одлучете сами:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.