Наместо јавно да се посочат и процесираат виновниците за работењето на монструозниот токсичен инсинератор на депонијата „Дрисла“, кој опасно го труе регионот, властите дефокусираат со небитни работи

drisla

Воведување на еколошки налепници за сите возила во земјава, предвидува Законот за возила кој го подготвува Министерството за економија.

Воведувањето на еколошки налепници за возилата ќе овозможи полесно да се регулира исклучувањето на возилата загадувачи во деновите со високо ниво на аерозагадување.

drisla2

Различните бои на налепниците за возилата ќе им овозможат на општинските власти и на полицијата да ги идентификуваат посочените возила.

Од друга страна, со наслов „Велика Британија со токсичен подарок за Балканот“ весникот „Гардијан“ уште во 2001 година пишува за инсинераторот што ѝ бил доделен на Македонија од страна на британската влада за горење медицински отпад, кој ги прекршува стандардите на Европската Унија и бил нелегален во Британија.

Guardian

Инсинераторот што се користи во склоп на депонијата „Дрисла“ е донација од британската влада, потврдија од Министерството за животна средина и Градот Скопје за „Макфакс“.

Од градот Скопје потврдија дека инсинираторот што е во функција на депонијата е донација од Велика Британија и тој е сè уште во употреба.

Soobrakaj-vo-Skopje2

Повторно ќе ги посочиме фактите добиени од светските истражувања, кои укажуваат дека процентот на загадување на земјината атмосфера со кој учествувуваат моторните возила изнесуваат максимални 8%.

Наместо јавно да се посочат, уапсат, осудат и казнат виновниците за работењето на монструозниот токсичен инсинератор на депонијата „Дрисла“ кој опасно го труе регионот, властите дефокусираат со воведување на непотребни работи.

unnamed

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.