По обвиненијата за измама и ширење на лажни информации, ко-основачот и директорот на Tesla мора да се повлече од местото претседател на управата и да плати казна

По обвиненијата за измама и ширење на лажни информации преку друштвената мрежа Twitter, ко-основачот и директорот на Tesla, Илон Маск, мора да се повлече од местото претседател на управата и да плати казна од 20 милиони долари.

Контроверзниот бизнисмен и милијардер повеќе нема да биде претседател на управниот одбор на Tesla Motors.

Имено, од кога Американската комисија за вредносни хартии (SEC) го обвини за измама, Маск се спогодил со нив и се согласил да отстапи од челното место на компанијата. По условите на спогодбата, Маск ќе остане директор во Teslа, но мора да го напушти местото претседател на управен одбор на минимум три години. Покрај ова, тој и Teslа мораат да платат 20 милиони долари казна.

SEC го обвинила Маск за измама заради низата лажни твитови и побарал да се тргне од челното место на компанијата и да му се забрани да биде директор на било која компанија, која има акции на берза.

Тужбата била поднесена во федералниот суд на Менхетн, а по наводите во неа Маск знаел дека неговите информации објавени на електронскиот медиум биле лажни и шпекулативни, бидејќи било утврдено дека никогаш за таква трансакции не разговарал ниту со еден можен финансиер.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.