Ferrari објави фото галерија и видео прилози за своите први специјални модели од новиот сегмент наречен Icona

По приватната промоција во Маранело, Ferrari објави фото галерија и видео прилози за своите први специјални модели од новиот сегмент наречен Icona.

Подготвени се две верзии – Monza SP1 едносед и Monza SP2, болид со две места.

Инспирирани од моделите на Ferrari од 50-те години на минатиот век, верно ја пренесуваат традицијата и ретро имиџот, во комбинација со најнапредната технологија за суперспортски автомобил која е денес на располагање.

Како се најавува, во прашање се болиди од специјална серија, кои ќе бидат направени во ексклузивен, ограничен мал број.

Овие автомобили во barchetta форма немаат кров, ниту класичен ветробран. Кокпитот и кожните спортски седишта се врвно изработени.

Додека стандардниот 812 Superfast е придвижуван од 6.5-литарски V12 со 789кс (со 7-степен менувач со двојно квачило), Monza SP1 и Monza SP2 имаат исто така 6.5-литарски V12, но со 810кс и 719Нм.

Должината на возилата изнесува 4657 милиметри, ширината е 1996мм, висината 1155мм, додека Monza SP1 е тешка 1500 килограми, а Monza SP2 1520.

Ferrari прецизира дека забрзувањето од место до 100км/ч изнесува 2,9 секунди, од 0 до 200км/ч 7,9 секунди, додека најголемата брзина изнесува над 300км/ч.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.