Во зависност од конфигурацијата на покривниот носач, студијата покажува дека потрошувачката може да порасне и до 25%

2

Доколку багажниот простор не ги задоволува потребите на возачот, тогаш покривниот багажник се наметнува како логично решение. Меѓутоа, оваа опција го зголемува отпорот на воздухот на возилото и резултира со поголема потрошувачка.

Секој погабаритен додаток на возилото, меѓу кои спаѓаат и покривните шини, влијае врз аеродинамичните карактеристики и доведува до зголемена потрошувачка на гориво.

Најновите истражувања спроведени во САД покажуваат дека разни покривни носачи се одговорни за 0,8 проценти од вкупната потрошувачка на гориво во оваа земја. Иако ова на прв поглед не изгледа многу, всушност се работи за количество од дури 400 милиони литри само во 2015 година.

1

Во зависност од конфигурацијата на покривниот носач, студијата покажува дека потрошувачката може да порасне и до 25%.

Заради ова се советува на возачите да ги отстранат покривните носачи кога не се во функција, додека на произведувачите се советува елементите да се конструираат така да можат лесно да се демонтираат.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.