Респектабилна агенција за споредување на осигурителни куќи спроведе истражување за тоа кои се најлошите возачи на патиштата

Респектабилна британска агенција за споредување на осигурителни куќи спроведе истражување за тоа кои се најлошите возачи на патиштата.

Во анкетата во која учествуваа 2.000 луѓе, 24% се изјаснија дека најлоши возачи се сопственици на BMW возилата. Особено не ги сакаат во Северна Ирска, каде тој процент е дури 35%.

Втори на листата најлоши возачи, се возачите на комерцијалното возило Ford Transit, а на третото возачите на легендарното лондонско такси.

Да ја погледнеме листата на 13 типови возила, за кои Британците мислат дека ги возат најлошите возачи на светот:

1. BMW 24%

2. Ford Transit 21,8%

3. Taxi (Black cab) 14,1%

4. Audi 9%

5. Ferrari 6,3%

6. Porsche 5,7%

7. Subaru 4,2%

8. Mercedes 4,1%

9. VW Golf 2,9%

10. Opel/Vauxhall Astra 2,5%

11. Toyota Prius 2,1%

12. Ford Focus 1,9%

13. Lexus 1,5%

Кога веќе станува збор за стереотипи, возачите на Peugeot во Британија често се посочуваат како лоши, а нив дури и ги нема на оваа истражувачка листа.

Но, затоа непријатно изненадуваат таксистите, кои повеќето анкетирани ги сметаат како полоши возачи од сопствениците на Audi, Ferrari, Porsche, Subaru, Mercedes и VW Golf, кои се подолу на листата.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.