При возење на суперавтомобил, каков што е Koenigsegg CCXR, кој има дури 1.018 коњски сили во својата железна ергела, покрај тоа што мора да се биде исклучително внимателен и претпазлив, возачот мора да има и соодветна специјална обука. Колку има вистина во ова тврдење покажува и денешниот случај.

Локалните медиуми во Мексико известија дека таткото на сопственикот на уникатен Koenigsegg CCXR Special One одлучил да ги испроба можностите на овој болид и доживеал сообраќајна несреќа.

Ова не е официјално потврдено, бидејќи и самиот сопственик на возилото ги замоли мексиканските медиуми да не пишуваат невистини, бидејќи никој од неговата фамилија не бил поврзан со несреќата.

По првите информации, токму брзината била главна причина на оваа несреќа, во која уникатниот Koenigsegg претрпе значителна штета. Да се скроти оваа ѕверка на тркала треба вештина – до стотка пристигнува за само 3,1 секунди, а максималната брзина изнесува над 400 км/ч.

Станува збор за посебна верзија, лакирана во упадлива Turquoise Blue боја, која ја нарачал катарскиот шеик Hamad bin Jassim bin Jaber Al Thani, кој својот автомобил често го возел по Лондон.

Во октомври минатата година, автомобилот го менува сопственикот и пристигнува во Мексико, каде новиот власник редовно го вози по улиците на Мексико Сити.

Понатамошната судбина на ова уникатно и многу вредно возило е неизвесна.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.