Еден од најубавите автомобили на компанијата Alfa Romeo е виртуелно реинкарниран како модерен спортски автомобил

Еден од најубавите автомобили на компанијата Alfa Romeo, 33 Stradale, е виртуелно реинкарниран како модерен спортски автомобил за 21-от век, од страна на креаторот Патрик Пиплов.

Моделот 33 Stradale, кој се произведуваше само 18 месеци при крајот на 60-те години на минатиот век, по многумина е еден од најубавите автомобили на сите времиња.

Со обѕир на тоа дека „убавината е во окото на набљудувачот“ и фактот дека за вкусовите не се расправа, нема да тврдиме дека оваа современа интерпретација е полоша или подобра од оригиналот.

Најочигледната сличност помеѓу виртуелниот автомобил кој денес го претставуваме и оригиналниот модел е кај големите светлосни единици, кои доминираат со предниот дел.

Фаровите поседуваат, од трки инспирирана, жолта боја и сместени се директно над отворите за воздух, а тука е и препознатливата маска на Alfa Romeo.

Страниците на замислениот наследник се поинакви од оригиналот, доминираат рамни линии и нагласени и агресивни агли, додека кај оригиналот се истакнати прекрасни облини.

Една од битните работи кој овој модел ја преслика од оригиналот е стаклениот кров, кој не само што изгледа одлично, туку заради него кабината изгледа попространо и поудобно.

Набљудувајќи ја задната страна на возилото забележуваме пар светлосни единици поврзани со тенко, хоризонтално поставено стоп светло.

Тука е и интегрираниот спојлер, како и големиот дифузер, кој на автомобилот му дава агресивен и „секси“ дизајн.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.