Минатиот викенд на аукција во Париз еден Citroen 2CV Tip A постигна продажен рекорд

Citroen 2CV3

Минатиот викенд на аукција во Париз Citroen 2CV Tip A од 1949 година постигна продажен рекорд.

Прогнозите беа дека овој редок примерок на „Спачек“ би можел да се продаден за сума помеѓу 11.000 и 15.000 евра, но на крајот еден музеј од Холандија за него плати дури 70.000 евра, што претставува рекорд за овој тип на возило.

Citroen 2CV4

Станува збор за еден од првите сериски примероци на Citroen 2CV, модел кој својата светска премиера ја имаше на 7 октомври 1948 година на Автосалонот во Париз.

Сериското производство започнало во 1949 година, а предметното возило припаѓа на првата серија од 876 единици кои се симнале од фабричките ленти таа година, што дефинитивно било клучно за постигнување на таа цена.

Citroen 2CV

„Спачекот“ со број на шасија 000458, кој од минатиот викенд ќе се вдоми во музеј, е во солидна состојба, но сепак ќе биде реставриран пред да биде изложен.

На истата аукција се најдоа уште три „Спачеци“, но тие се продадени по многу пониски цени.

Citroen 2CV 2

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.