Годиште на производство 2017-то, со само 2.414 изминати километри

Супер спортските автомобили изработени во ултра ексклузивен број на примероци секогаш држеле цена, а дали Ferrari LaFerrari ќе ја достигне бараната сума од дури 8,5 милиони долари, ќе видиме.

Токму толку е проценета аукциската вредност на примерокот од фотографиите.

На 17 јануари овој Ferrari LaFerrari ќе се најде на аукцијата организирана од куќата RMSotheby. Неговата минимална вредност се проценува на 6,5 милиони долари.

Да се потсетиме дека овој модел е произведен во само 210 единици.

Предметниот примерок е доставен во салонот на Ferrari на Беверли Хилс минатата година.

Комплетно опремен, се одликува со Nero Daytona боја со црвени детали, а тука е и Carbon пакетот.

Ferrari LaFerrari Aperta, кој го продава RMSotheby, изминал само 2.414 километри, така да купувачот ќе добие скоро нов егзотичен модел, кој е и сервисиран месецов.

Во автомобилскиот комплет доаѓаат и посебна прекривка, упатство со сервисна книшка и документација и резервен клуч.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.