Овој произведувач од месецов се одлучи на драстични мерки, кои нема да му се допаднат на никого, освен на конкуренцијата

До неодамна купувачите на „Тесла“ автомобилите имаа право на бесплатно користење на мрежа на таканаречени „суперчарџери“, односно брзи полначи, но овој произведувач од неодамна се одлучи на драстични мерки, кои нема да му се допаднат на никого.

Од овој месец сите постоечки и идни купувачи на возила од овој произведувач ќе мораат да плаќаат за полнење на своите батерии, а како дополнително непријатно изненадување, цените на електричната енергија драстично поскапеа ширум светот.

Во САД цените за користењето на овие полначи во повеќето сојузни држави се дури удвоени и тоа уште минатата година.

Слична ситуација е и во Европа, каде корисниците плаќаа просечно 0,28 евра по kWh, а сега истото количество енергија ги чини 0,32 евра.

Во Норвешка, каде овие возила најмногу се продаваат на Стариот континент, цената значително порасна од 1,40 на 1,86 норвешки круни по kWh.

Компанијата нагласува дека целта не им е заработувачка со продажба на енергија, туку сакаат да ја прошират мрежата за електромобилите да бидат покомпетитивни со конвенционалните возила. тврдење што баш и „не држи многу вода“.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.