Споредбен тест на три лути ривали

Тестирањето на трите лути ривали го одработи британскиот Carwow, еден од најрелевантните извори на информации, кога станува збор за нови автомобили.

Деталниот тест во кој водителот Мет Вотсон ги истакна предностите и маните на наведените модели погледнете го тука:

Мет тврди дека Kia нуди најголема вредност за вложените пари, додека кај Golf му се допаѓа едноставноста и добриот и практичен infotainment систем, а кај Focus го пофали комфорот на задната клупа.

Што се однесува до практичноста, сите три модели заслужуваат солидна оценка. Kia вози удобно и сигурно, но покажува недостатоци при брзи влегувања во свиоци.

Од друга страна, Volkswagen е нешто потврд и логично подобар во кривини, а Мет смета дека има осет како да се наоѓа во возило од повисока класа.

Најголемо изненадување сепак приреди Ford Focus. Освен што е поудобен од Golf, нуди подобри возни карактеристики, а доколку на сето ова се додаде и атрактивната појава, заслужено го освои првото место во овој тробој.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.