Во желбата да направат автомобилот да изгледа поспортски или поагресивен, сигурно сте забележале дека многу возачи поставуваат неколку издувни цевки на задниот дел.

2015-Chevrolet-Corvette-Z06-rear-endТоа можеме да го разбереме и да кажеме дека е во ред кога го прават некои таканаречени „маалски тркачи” и да се потсмеваме на непотребното китење на автомобилот, но кога тоа станува тренд кај производителите на автомобили е страшно.

fiat-500-abarth-da-0-a-100-spe-559e3f1f4df53Кај новите автомобили кои се со тенденција да бидат продавани како автомобили со спортска линија или ниво на опрема, самите производители знаат да навистина да претераат и да постават многу повеќе цевки отколку што е потребно.

080213toy_6-559e376aa91a5Понекогаш дел од поставените издувни цевки се дури комплетно украсни и не се ни поврзани со издувниот систем на автомобилот.

audi-s1_9-543bca7651825-559e350100408Тоа за жал станува тренд, секој производител дури и на сосема обичен автомобил со нормални перформанси, далеку од спортски, продаваат „sport line” или „GT line” ниво на опрема, што значи само визуелно разубавен автомобил кој наликува на истиот кој е навистина со високи перформанси и секако многуте издувни цевки на задниот дел.

Ferrari-458-Speciale-rear-endЗа оваа тема наидовме на еден интересен материјал на автомобилскиот портал carthrottle.com каде што прават класација колку кс по издувна цевка имаат некои од автомобилите.

Во класификацијата на највисокото место, односно најмалку и се потребни, а ги има во најголем број е Peroda Myvi SXI Sport со 21.5кс по издувна цевка, па се до Audi S1 со 56.75кс по издувна цевка.

071726900_1221129794-559e360665d26Навистина на толку мала моќност е тотално непотребно такво прекумерно украсување на автомобилот и правење визија на автомобил од 500/600кс.

Тоа за жал е тренд и се надеваме дека брзо ќе помине и ќе ги остави агресивните стабилизатори на одбојниците заедно со 2 или 4 издувни цевки за оние автомобили кои навистина имаат потреба од тоа.

img_4473crop2-559e39328eb82До тогаш ќе гледаме автомобили од 80кс кои имаат 4 издувни цевки од кои 3 се поставени само убаво да светкаат кога ќе го измиете автомобилот.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.