„Човекот може да смени скоро се во животот свој, освен една работа – својата страст!“

„Човекот може да смени скоро се во животот свој, освен една работа – својата страст!“, е една од најголемите животни вистини, инаку реплика од познат филм.

Токму таков случај е и со овој 75-годишен автоентузијаст од Велика Британија, кој и понатаму ужива во својата најголема страст – возењето и брзите автомобили.

Артур до сега возеше 560кс снажен BMW M135i, кој сега го замени со нов VW Golf R.

Но, тоа не е се. За германскиот лут хечбек нарача нов турбо полнач, со кој силата порасна на жестоки 600кс.

За својот железен миленик Артур раскажува со одушевување, опишувајќи како голем број на компоненти се сменети, но одлучно задржувајќи го фабричкиот изглед на стандардната R верзија, така да овој Golf претставува вистински sleeper.

Можеме само да ги замислиме фаците на „нафураните“ сопственици на разни суперспортисти во моментот кога Артур ќе ги натера да му гледаат во издувните цевки.

Погледнете го интервјуто со овој легендарен лик:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.