Со дури 600 коњски сили од 2.0-литарски мотор до преку 300 км/ч

Mercedes A45 AMG наскоро ќе добие наследник, кој ќе брои над 400 кс, а во меѓувреме еден ентузијаст од Атина одлучи својот A45 AMG да го унапреди на сосема ново, вселенско, ниво.

Да се потсетиме, под хаубата на актуелниот Mercedes Benz A45 AMG се наоѓа 2.0-литарски турбо мотор со сериски 381 кс, кои се сосема доволни за повеќето сопственици, но не и на главниот јунак на денешната приказна, кој целиот процес на тјунинг го документирал на својот YouTube канал.

Овој болид на ваљаци покажува монструозни 600 кс, со 636 Нм вртежен момент.

Параметрите се унапредени, па така забрзувањето од место до стотка трае многу помалку од сериските 4,2 секунди, а максималната брзина не само што не е повеќе ограничена на 250 км/ч, туку оди преку 300 км/ч.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.