Синот на седумкратниот Ф1 светски шампион Михаел Шумахер, Мик, официјално стана член на Ferrari Академија

Ferrari Академијата потврди дека од сабота во програмата за млади возачи на легендарниот тим е и синот на Михаел Шумахер, младиот Мик. Покрај него, членови на оваа Академија станаа и Калум Ајлот, Џулијано Алези, Маркус Армстронг, Роберт Шварцман, Енцо Фитипалди и Џанлука Петекоф.

Интересно е што новиот шеф на Ferrari тимот, Матиа Биното, беше инженер во тимот од Маранело во времето кога постариот Шумахер доминираше во „Формула 1“ од 2000 до 2004 година.

„Како некој кого знам од неговиот прв роденден, добредојде на Мик во тимот на Ferrari има особено значење. Морам да истакнам дека го одбравме заради неговиот талент и човечки и професионални квалитети кои веќе ги покажа, иако е исклучително млад“, истакна Биното.

Младиот Шумахер истакна дека е одушевен што се придружува на Ferrari заради поврзаноста на неговата фамилија со италијанскиот тим, но и заради големите успеси и историјата.

Младиот Германец минатата година ја освои титулата во европската „Формула 3“, а оваа сезона ќе се натпреварува во „Формула 2“.

Извесно е дека, благодарение на поврзаноста со Ferrari Академијата, Мик ќе се најде и во кокпитот на „Формула 1“, а ние трпеливо ќе го чекаме новиот шампион.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.