Од 100 до 200км/ч за само 5,9 секунди

Помина скоро една година од од претставувањето на шестата генерација на BMW М5, а германската тјунинг куќа Manhart дополнително ја усвити ситуацијата околу овој модел.

Имено, Manhart на пазарот пласира својата верзија на баварската спортска лимузина, со кодно име MH5 700.

Благодарение на оптимизацијата на моторот, силата на 4.4-литарскиот V8 е засилена на жестоки 723кс и 870 Nm.

Од Manhart напоменуваат дека овој агрегат е идеален за тјунинг и дека наведените параметри се прилично конзервативни, односно дека од него без поголеми проблеми би можела да се извлече и многу поголема сила.

Сепак, дополнителните 123кс одлично придонесуваат во остварување на подобри перформанси во однос на сериската изведба.

Податоците за забрзувањето до 100км/ч не се објавени, но во Manhart тврдат дека забрзувањето од 100км/ч до 200км/ч трае само 5,9 секунди.

Вкусно применетите златни детаљи и новите 21-инчни црни фелни откриваат дека станува збор за посебна, но и многу сериозна верзија. Агресивниот дизајн го следи и одличен звук:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.