На 14-тата Фиќијада во Крагуевац се појави брилијантна реплика на легендарното Фиќо на Флојд

„Националната класа“ од Прокупље го привлече вниманието на сите посетители на 14-тата Фиќијада во Крагуевац и заради автентичноста ова возило доби специјално признание, пренесе порталот prokupljenadlanu.rs.

„Посетителите беа воодушевени и без престанок се сликаа со него. Тоа е доказ дека нашиот труд не беше залуден и дека шесте и повеќе месеци кои ги потрошивме на ова возило вродија со плод“, рече Ненад Стојановиќ, кој заедно со Драган и Стефан Столиќ направија брилијантна реплика на славното „Фиќо“ од култниот филм „Национална класа“.

„Тргнавме буквално од нула. Секој дел е составен посебно, секое штрафче е сменето. Кога го завршивме механичкиот дел, следеше разубавувањето“, гордо изјави Драган Столиќ.

„Некои делови многу тешко ги набавувавме. Често чекавме да се појави некој оглас со олупина од Фиќо, па моравме да ја купиме цела заради еден единствен дел. Тоа ни одзеде најмногу време, а и нерви, но сега конечно нашиот автомобил е комплетен“, додаде Столиќ.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.