Минатата година во Европа Peugeot 2008 беше втор најпродаван crossover во својот сегмент, но сепак годините си го чинат своето и наскоро пристигнува наследник

Минатата година на европскиот пазар Peugeot 2008 беше втор најпродаван crossover во својот сегмент, но сепак годините си го чинат своето и наскоро пристигнува наследник, кој ќе има голема задача. Во Peugeot не се сомневаат дека ја имаат формулата за успех во овој се поконкурентен сегмент.

Најверојатно дека Peugeot ќе ја претстави новата генерација на моделот 2008 на овогодишниот Автосалон во Париз. Новиот 2008 ќе порасне во димензиите, а со дизајнот би требало да наликува на својот поголем брат 3008.

Исто така, заедно со уште поатрактивниот изглед и поголемата просторна понуда во кабината, новиот 2008 ќе биде и поудобен.

Во Peugeot се решени да не штедат на опрема, па возачот на „работното место“ ќе го очекува најновата верзија на i-Cockpit со дигитална инструмент плоча, а посебен акцент ќе биде на безбедноста на возилото.

Купувачите ќе бидат задоволни и со штедливата моторизација, попрецизно со 3 и 4-цилиндричните бензински и дизелски турбо мотори. Најпопуларен избор ќе биде одличниот бензински 1.2 агрегат и штедливиот дизелски 1.5 HDI.

Исто така, можно е новиот модел 2008, како и новиот 208, да биде достапен и во електрична верзија.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.