Иновација, раскошни перформанси, изразена естетика, поврзување, ефикасност, врвен квалитет и безбедност споени во новиот Volkswagen Passat.

Volkswagen-Passat_2015_800x600_wallpaper_03Со големиот спектар на системи за помош на возачот автомобилот ги надминува границите на својата класа. Најмоќниот дизелски агрегат има 240 КС, автоматски DSG менувач и погон на сите тркала. Автомобилот троши само 5.3 литри на 100км.

Volkswagen-Passat_2015_800x600_wallpaper_05Новиот Volkswagen Passat ја имаше својата светска премиера во Потсдам, за потоа осмата генерација на најпродаваниот модел со целиот свој сјај да блесне како главна ѕвезда на автомобилскиот саем во Париз.

Volkswagen-Passat_2015_800x600_wallpaper_50Се е ново кај новиот Passat. Со новиот дизајн, новата технологија, новите мотори и големите можности кои ги нуди, Passat повторно поставува нови стандарди во класата. Заради лесната конструкција тој е за 85 кг полесен, а потрошувачка на гориво е помала за 20%. За прв пат најпродаваниот бизнис автомобил ќе има и своја хибридна верзија – Passat GTE.

Volkswagen-Passat_GTE_2015_800x600_wallpaper_08Досега се продадени 22 милиони автомобили Passat, а само во 2013 година преку 1.1 милиони возачи се одлучија за најстариот активен модел на Volkswagen. Во Македонија моделот ќе биде претставен на почетокот на декември.

Volkswagen-Passat_2015_800x600_wallpaper_39Новиот дизајн јасно го комбинира стилот, големата моќ и контролата. Дизајнот не е ексцентричен, туку експресивен и ќе остави белег на своето време. Направен врз база на МQB платформата, новиот Passat е целосно подобрен и значително подинамичен: поширок, понизок, со подолго меѓуоскино растојание и поголеми тркала.

Volkswagen-Passat_2015_800x600_wallpaper_17Преку зачувување на сите претходни функционални вредности, новиот Passat денес добива уште поголемо значење, а сега дополнително се здоби со ексклузивност и динамика. Новите LED предни светла кои се достапни без доплата во „Highline” нивото на опременост, му даваат доминантен изглед, а со тоа моделот преминува во сосема нова класа. Новиот Passat претставува нов вид на бизнис автомобил, поставен меѓу средната и премиум класата, односно меѓу Б и Ц сегментот, особено на полето на удобноста. 

Volkswagen-Passat_2015_800x600_wallpaper_34Соодветно на експресивниот надворешен изглед, внатрешноста е дизајнирана со високо ниво на естетика, прецизност и квалитет, токму како што му прилега на новиот софистициран Passat.

Volkswagen-Passat_2015_800x600_wallpaper_2cВеднаш се забележуваат новите дизајнерски решенија како на пример концизните континуирани хоризонтални отвори за воздух и новите технолошки решенија, како трозонскиот автоматски клима уред, екстремно тенките амбиентни светла и интерактивните дигитални инструменти на опционалниот „Active Info“ дисплеј, со кои внатрешноста изгледа авангардно и ексклузивно, повеќе од било кога досега. 

Volkswagen-Passat_2015_800x600_wallpaper_61Новиот Passat нуди поголема удобност и сигурност. Новите системи за помош на возачот, информативно забавните системи и опциите кои овозможуваат различни удобности ја прават индивидуалната мобилност долготрајна, повеќе поврзана, комуникативна и многу побезбедна. Новиот Passat со целата своја технологија е толку напреден што ги преминува границите на класата.

Volkswagen-Passat_2015_800x600_wallpaper_65Покрај новите технологии кои се наменети за возачот, автомобилот може да поседува и информативно забавен систем наменет за задните седишта кој преку апликација се поврзува со таблет компјутерите, дополнително се вградуваат и безбедносните системи: City Emergency Braking – безбедносен систем за сопирање во итни случаи во градски услови кој во исто време внимава на пешаците, Trailer assist – систем за помош при маневрирање со приколка, Traffic assist – систем за помош во сообраќаен метеж и Emergency assist – систем за помош во итни случаи. 

Volkswagen-Passat_2015_800x600_wallpaper_5eКај новиот Passat, сите погонски системи се сосема нови а палетата брои максимално 10 турбо мотори со директно вбризгување, start-stop систем и регенеративно сопирање. Бензинските TSI мотори и дизелските TDI мотори имаат опсег на моќта од 88kW / 120 КС до 206kW / 280КС. Автоматскиот DSG менувач е достапен како опција кај сите погонски системи.

Volkswagen-Passat_2015_800x600_wallpaper_77Најмоќниот четири цилиндричен турбо дизел (TDI) агрегат со директно вбризгување кој досега е понуден од страна на Volkswagen е новиот 2.0 TDI мотор со две турбини кој произведува моќност од 176kW односно 240 КС, а троши само 5.3л/100км. Овој мотор кај лимузинската изведба ја достигнува максималната брзина од 240 км/ч, додека караванската изведба развива 238 км/ч. Поради високиот вртежен момент од 500 Nm, автомобилиот е опремен со погон на сите тркала – 4MOTION и седум степен менувач.

Volkswagen-Passat_2015_800x600_wallpaper_60Дизел моторите започнуваат со двата популарни 2.0 TDI мотори со 110kW/150 КС. Потрошувачка изнесува 4.1л/100км, а емисијата на CO2 108г/км. Тука е и моќната TDI верзија со 176kW / 240 КС. Кај новиот Passat ќе се вградува и 1.6 TDI со 88kW / 120 КС и 2.0 литарски TDI со моќност од 140kW/190 КС.

Volkswagen-Passat_2015_800x600_wallpaper_62Како и кај претходниот модел, и новиот Volkswagen Passat на пазарот ќе биде претставен со три нивоа на опрема: Trendline, Comfortline и Highline. Дури и кај основното ниво Passat Trendline опремен е со 16 инчни тркала, пневматици со димензии 215/60 и задни LED светла кои го дополнуваат моќниот карактер на надворешноста.

Volkswagen-Passat_2015_800x600_wallpaper_59Функционалните карактеристики вклучуваат и стартување на автомобилот без клуч, алармирање на возачот, Automatic Post-Collision Braking – систем што ја намалува опасноста при лизгање и ризикот од понатамошни судири, индикатор за притисокот во пневматиците, „Composition Color” радио систем со 5 инчен екран во боја осетлив на допир, мултифункционален дисплеј, Auto Hold, систем за слободно движење и трозонски автоматски клима уред.

Volkswagen-Passat_GTE_2015_800x600_wallpaper_0d             Volkswagen-Passat_2015_800x600_wallpaper_4e

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.