Трендот на продажбата од минатите години е задржан, но има и едно големо изненадување – PEUGEOT 5008

Објавена е листата на најбараните автомобил по класи во првата половина на годинава на европскиот пазар.

Податоците кои ги собира и анализира JATO Dynamics покажуваат дека во многу сегменти трендот на продажбата од минатите години е задржан, но има и едно големо изненадување.

Да ја погледнеме листата:

Мали градски автомобили: FIAT 500

Поткомпактни автомобили: Renault Clio

Компактни хечбек автомобили: VW Golf

Автомобили од средната класа: VW Passat

Автомобили од повисоката класа: Mercedes E класа

Луксузни лимузини: Mercedes S класа

Мал SUV: Renault Captur

Второто и третото место го зазедоа Dacia Duster и Peugeot 2008

Компактен SUV: Nissan Qashqai

Го следат VW Tiguan и Peugeot 3008

Голем SUV: Peugeot 5008

Најголемото изненадување во првите шест месеци на 2018 година е пласманот на моделот 5008 на прво место во оваа респектабилна категорија на возила.

Со продадени 35.998 продадени примероци, Peugeot ја надмина фаворизираната Škodа Kodiaq и Nissan X-Trail, кој е на третото место.

Мал премиум SUV: BMW X1

Среден премиум SUV: Mercedes GLC

Голем премиум SUV: BMW X5

Мал MPV: FIAT 500L

Среден MPV: VW Touran

Голем MPV: Mercedes V класа

Мали спортски автомобили: Mazda MX-5

Среден спортски автомобил: Audi TT

Голем спортски автомобил: Porsche 911

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.