Поискусните вљубеници во автомобилизмот паметат дека југословенската фабрика TAS во Сараево ги произведуваше VW Golf I и II, но малкумина знаат дека фабриката се прошируваше за производство на тогаш супермодерниот Golf III

TAS2

Поискусните вљубеници во автомобилизмот добро паметат дека југословенската фабрика TAS во Вогошќа, Сараево ги произведуваше моделите VW Golf I и II и тоа со одличен квалитет, но малкумина знаат дека фабриката се прошируваше и подготвуваше за производство на тогаш супермодерниот Golf III.

На фотографиите ја гледаме пред-сериската верзија на југословенскиот Golf III, тогаш еден од најмодерните компактни автомобили, чие производство во TAS требало да започне во 1992 година.

TAS4

Како што си е и редот, работничкиот колектив го прославил овој настан со отворање на шампањско.
Но, почетокот на војната ги девастирал овие планови, како и големата држава, за жал.

По некои неофицијални извори, по војната Volkswagen се обидувал повторно да го придвижи производството, но без резултати.

TAS3

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.