На предстојниот автосаем во Париз, Peugeot ќе ја претстави продукциската верзија на моделот 308 GTI. Станува збор за performance варијанта на францускиот бестселер, делумно најавена со концептот 308 R. Прецизираме делумно, бидејќи споменатиот концепт би требало да добие и сериска верзија, која ќе биде помоќна дури и од најавениот GTI.

peugeot 308 gtiВо однос на стандарниот 308, GTI варијантата ќе има потврдо, спортско ослонување, унапредено управување, помоќни сопирачки и изменет издувен систем.

Peugeot 308 GTI ќе биде погонуван од 4-цилиндричен 1.6 THP турбо бензински мотор, со сила од околу 250кс, додека за R верзијата истиот мотор ќе биде навиен на 275кс и 330 Nm.

Почетокот на продажбата на Peugeot 308 GTI се очекува до крајот на годинава, додека 308 R ќе биде претставен следната година.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.