Тјунерската куќа Underground Racing уште еднаш докажа дека е една од најдобрите на светот

Lamborghini Huracan со неговиот 5.2 V10 мотор произведува околу 640кс со врвната Performante спецификација, што резултира со забрзување до стотка за нешто помалку од 3 секунди и максимална брзина од преку 350км/ч.

Меѓутоа, што би се случило кога Lamborghini не би се грижел за безбедносните ограничувања на моделот и кога, на пример, би го опремил Huracan со twin-turbo пакет?

Токму тоа го направи Underground Racing, тјунер кој претходно веќе собори неколку рекорди со своите креации на Huracan и Gallardo, а сега нивниот нов модифициран Huracan стави точка на и.

Нивниот монструозно моќен суперавтомобил на Спрингс аеродромот собори брзински рекорд во трката наречена Pikes Peak Airstrip Attack, постигнувајќи брзина од скоро 418км/ч на растојание од само 800 метри.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.