Доколку ви се чини 8-цифрената бројка премногу фантастична, бидете сигурни дека не ве лажат очите, а не е ни печатна грешка

На аукција во Монтереј, Калифорнија, RM Sotheby’s продаде 1962 Ferrari 250 GTO за рекордни 48.405.000 долари, што е најскапо продаден автомобил на аукција на сите времиња.

Станува збор за возило со број на шасија 3413 GT, едно од само 36 направени примероци.

Овој Ferrari 250 GTO е возен на легендарната трка Targa Florio, а го возел Edoardo Lualdi-Gabardi, кој со него го освоил италијанскиот GT шампионат од 1962 година.

Кога купил нов GTO, Габарди го продал предметниот примерок на Џани Булгари, по што возилото било во посед на повеќе колекционери, а интересен е фактот што никогаш не било удрено, што значително му ја подига цената.

Новиот сопственик е наводно голем колекционер на автомобили од САД.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.