Audi објави официјални видео материјали и детали за новата генерација на А6

Audi-A6-2019-1024-0a

Audi објави официјални видео материјали и детали за новата генерација на моделот А6, прво презентиран во лимузинска верзија.

По седанот, новиот А6 ќе се нуди и како каравански Avant, на чија база подоцна го очекуваме и (про)теренскиот A6 Allroad Quattro.

По стар пробан рецепт, новиот А6 продолжува со дизајнерските насоки употребени на новите генерации на А8 и А7, при што возилото користи MLB Evo платформа.

Audi-A6-2019-1024-0e

Новиот А6 (интерна ознака C8) се карактеризира и со поголеми димензии, поголема пространост и покомфорен ентериер со богата опрема и автономна технологија ниво 3.

C8 е за 7 милиметри подолг од претходникот, 12мм поширок и 2 милиметри повисок.

Багажникот остана на 530 литри, тркалата се од 17 до 21 инчи, а коефициентот на отпорот на воздухот е намален од 0,26 на 0,24.

За почеток е предвидено во моторната гама да се нудат 3.0L V6 TFSI бензинец со 340кс/500Nm и три дизелаши – 2.0 TDI со 204кс/400Nm, 3.0 TDI со 231кс/500Nm и 286кс/620Nm.

Продажбата на новиот А6 започнува во јуни месец, а цените ќе бидат соопштени на светската премиера во Женева.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.