Францускиот произведувач соопшти дека 2017 година ја заклучи со ново рекордно ниво на нето добивка

12085

PSA Peugeot Citroen соопшти дека 2017 година ја заклучи со ново рекордно ниво на нето добивка, дури и со трошоците поврзани со купувањето на Opel и Vauxhall.

Нето добивката на групата е зголемена за 11,5% во 2017 година, на рекордни 1,929 милијарди евра, покажува деловниот извештај.

Оперативната добивка порасна за 23%, на 3,991 милијарди евра. Приходите изнесуваат 65,2 милијарди евра и се за 20,7% поголеми во споредба со претходната година.

peugeot-2008-predstavljen-main

PSA Peugeot Citroen оствари „извонредни резултати, постигнувајќи значителен напредок четврта година по ред“, заклучи извршниот директор Карлос Таварес.

„Групацијата PSA оствари одлични резултати во 2017 година, со рекордни 3,63 милиони продадени возила и рекордни приходи“, нагласи на прес конференцијата финансискиот директор Jean-Baptiste de Chatillon.

objekt

Директорот додаде дека групата одлично ја започна и оваа година, со скок од 22% на нови регистрирани возила на брендовите Peugeot, Citroen и DS и тоа само во февруари, значајно посилно од растот од 4% забележан на целиот пазар.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.