Alfa Romeo Giulia влегува во третата година, па италијанската компанија одлучи малку да ја унапреди

Alfa Romeo Giulia влегува во третата година на своето постоење, па италијанската компанија одлучи малку да ја унапреди за 2019 година.

Со обѕир на тоа дека моделот е и понатаму релативно нов, Alfa Romeo се одлучи за минорни промени, како што се новите 19-инчни алуминиумски фелни за верзијата Giulia Ti Sport.

Од друга страна, моќната Giulia Quadrifoglio е малку „посериозно“ освежена со делива задна клупа и анодизирачки кочиони клешти во црвена боја.

Giulia добива неколку нови пакети, како што е Nero Edizione со темна предна маска, ретровизори и носачи на фарови.

Купувачите можат да одберат и Ti Sport Carbon пакет со карбонски детали на екстериерот.

Освен ова, Giulia моделска година 2019 нуди и греачи на задни седишта, премиум аларм систем и нова палета на бои.

Погонските единици остануваат исти и во следната година, а цените за унапредените модели не се прецизирани.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.